Трагедија во Македонска Каменица: Загина 20-годишен мотоциклист

t

Вчера околу 11.40 минути во сообраќајна несреќа која се случила во Македонска Каменица животот го загубил 20 годишен мотоциклист. Починатиот управувајќи мотоцикл „хонда“ изгубил контрола и излетал од коловозот по што И.К. испаднал од моторот.

На 20.08.2023 околу 11,40 часот било пријавено дека на ул.„Каменичка”. мотоцикл „хонда”, управуван од И.К.(20) од Македонска Каменица изгубил контрола и излетал од коловозот по што И.К. испаднал од моторот, а моторот удрил во патничко моторно возило „рено лагуна” со делчевски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(47) од Делчево. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил И.К, кој на пат кон болница починал. Од страна на лекар од итна медицинска помош констатирана е смрт.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициска станица Делчево. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен e возачот по трагедијата во која…

Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…

Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…

Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…

(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…

Возачот кој утрово со својот автомобил слета…

Пронајден е возачот што удри две лица…

Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…

Тројцата загинати работници веројатно се од Непал…

Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на…