Трагедија: Две лица загинаа во сообраќајна несреќа во Македонија, познат нивниот идентитет

t

На 12.09.2024 во 21:20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв” со демиркаписки регистарски ознаки, управувано од Б.Х.(54) од Гостивар и товарно возило влекач „сканија” со косовски регистерски ознаки, управувано од А.Т.(60) од Косово.

Во несреќата, од здобиените повреди возачот Б.Х. починал на местото на настанот, додека сопатникот Т.Р.(53) од Гостивар бил пренесен во Ургентен центар во Гостивар, каде подоцна починал.

Возачот на товарното возило влекач се здобил со телесни повреди.

Увид на местото извршиле екипа од ОВР Гостивар и јавен обвинител, по чија наредба во 21:55 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода возачот А.Т.(60) од Косово.

Тој е задржан во полициска станица и во текот на денот против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка и ќе биде изведен пред надлежен суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прекинат транспортот на нафта за рафинеријата во…

Транспортот на сурова нафта преку Јадранскиот нафтовод…

Словенечка или австриска банка кои оперираат во…

Словенечка или австриска банка кои оперираат во…

Ива Михаилова се појави и на БНТ…

По гостувањето во поткаст, во кое наведе…

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до…

Инстант лозот „Макси златна рипка“, на Државна…

Палмер: Македонија направи сè што побара ЕУ,…

Македонија направила сè што Европската унија побарала…