Објавено на:

Трагедија на Крит: Загинаа двајца пожарникари при гаснење на пожар

t

Двајца пожарникари загинаа при интервенција на голем пожар што избувна на грчкиот остров Крит, во близина на градот Ретимнос, јавуваат грчките медиуми.

Според неофицијални информации, нивното противпожарно возило останало заглавено меѓу огнените јазици за време на интервенцијата.

Пожарот избувнал околу 14.30 часот во подрачје со ниска вегетација. Во неговото гаснење учествуваат 110 пожарникари, шест пешадиски тимови, 27 противпожарни возила и четири хеликоптери, а поддршка даваат и цистерни на локалната самоуправа.

Поради опасноста од ширење на огнот, преку системот 112 е испратено предупредување до жителите на селото во непосредна близина на пожарот со повик веднаш да се евакуираат.

Гаснењето дополнително го отежнува силниот ветер, кој придонесува пожарот брзо да се шири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТРАМП НАЈАВУВА МОЖНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО…

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва испрати ново…

Мерц повика на единство на владејачката коалиција…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика на…

Бразил пред тесен изборен финиш: Болсонаро со…

Бразил во недела, на 25 октомври, избира…

Вашингтон барал од Маск да го вклучува…

Администрациите на Џо Бајден и Доналд Трамп…

Хутите тврдат дека извршиле голем напад врз…

Јеменските Хути соопштија дека извршиле широка операција…