Трагедија: Хеликоптерска несреќа во Монт Еверест, шестмина загинаа
Шест лица, меѓу кои пет мексикански државјани, загинаа денеска кога хеликоптер се урна во непалскиот регион Монт Еверест, изјави владин претставник.
Службеникот на аеродромот во Катманду, Текнат Ситула, рече дека спасувачите извлекле пет тела и трагаат по шестото.
Непалските власти претходно објавија дека хеликоптерот со шест лица исчезнал во Непал. Пилотот на хеликоптерот бил од Непал, а другите се мексикански државјани, изјави претставник на аеродромот во Катманду за Ројтерс.
АП јавува дека хеликоптерот со странски туристи исчезнал во областа Монт Еверест и дека е изгубен контактот со леталото.
Хеликоптерот утрово се враќал во главниот град Катманду откако пет туристи го посетиле највисокиот планински врв во светот.
Туристичката и планинарската сезона во таа област заврши во мај, кога почна сезоната на дождови, а туристичките летови кон планините се поретки во овој период од годината бидејќи видливоста е слаба, а временските услови се непредвидливи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен e возачот по трагедијата во која…
Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…
Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…
(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…
Возачот кој утрово со својот автомобил слета…
Пронајден е возачот што удри две лица…
Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…
Тројцата загинати работници веројатно се од Непал…
Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на…