Трагична несреќа на патот Битола-Ресен, еден човек загина, неколкумина се повредени
Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на регионалниот пат Битола–Ресен, кај месноста Макази, а според информациите од МВР, во судирот на автомобил со странски таблички и друга кола со охридски таблички, загинал 52-годишен битолчанец, објави „Скопје1“.
Во несреќата се повредени неколку луѓе кои се префрлени во болница, но засега нема информации за тежината на нивните повреди.
Според првичните сознанија, еден од автомобилите целосно изгорел.
Полицијата и истражните органи вршат увид на местото на несреќата. Сообраќајот на тој дел од патот е во прекин од 13:20 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен e возачот по трагедијата во која…
Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…
Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…
(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…
Возачот кој утрово со својот автомобил слета…
Пронајден е возачот што удри две лица…
Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…
Тројцата загинати работници веројатно се од Непал…
Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на…