Трагична сообраќајна несреќа: Загина 25-годишна девојка, тешко повреден малолетник
Попладнево во 16:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Кичево кај местото викано „Бели мост” се случила сообраќајна незгода во која животот го загуби Ј. Г. (25 г.) која живее во демирхисарското село Белче.
„Патничко моторно возило марка „мерцедес” со демирхисарски регистарски ознаки управувано од Б.Г.(33) од селото Белче, демирхисарско, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во незгодата од здобиените повреди починала на лице место сопатничката Ј.Г.(25) од село Белче каде од страна на Итна медицинска помош е констатирано смрт, а кај малолетен сопатник кој е пренесен во Клиничката Болница-Битола констатирани се тешки телесни повреди“, соопштија од СВР Битола.
Увидот е извршен од страна на увидната екипа на СВР Битола, а од страна на јавен обвинител издадена е наредба врз телото на починатата да се изврши обдукција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен e возачот по трагедијата во која…
Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…
Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…
(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…
Возачот кој утрово со својот автомобил слета…
Пронајден е возачот што удри две лица…
Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…
Тројцата загинати работници веројатно се од Непал…
Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на…