Трамп: Ако Иран продолжи насилно да ги потиснува протестите, подготвени сме да реагираме
Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди иранскиот режим дека САД ќе одговорат доколку насилно ги потисне протестите во земјата. Неговата изјава доаѓа во време на деновите на протести што се проширија низ целата земја, во кои досега се убиени шест лица.
„Доколку Иран пука и насилно убива мирни демонстранти, што е нивна вообичаена практика, Соединетите Американски Држави ќе им дојдат на помош. Ние сме подготвени и вооружени. Ви благодариме за вниманието кон ова прашање“, рече Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
Протестите во Иран траат веќе петти ден поради наглиот пораст на трошоците за живот ескалираа во смртоносни судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили. Според извештаите, најмалку шест лица се убиени, а протестите, кои започнаа во Техеран, се проширија низ целата земја. Многу демонстранти сега бараат заминување на врховниот лидер и крај на свештеничкото владеење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Иран: Развивме подземни комплекси за производство на…
Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ)…
САД нудат награда од 20 милиони долари…
Соединетите Американски Држави нудат награда до 20…
Зеленски и додели орден на Меланија Трамп…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на првата дама…