Трамп: Ако победам, ќе го назначам Маск за шеф на комисија за надзор на ефикасноста на владата
Поранешниот американски претседател со недели разговарал со соработниците за идејата за таква комисија за преглед на владините операции, изјавија извори за Ројтерс. Сега за прв пат ја претстави идејата јавно, во говор пред Економскиот клуб во Њујорк, објави Гардијан.
Тоа е, исто така, прв пат Трамп да објави дека Маск прифатил да го води тоа тело. Тој не прецизира како ќе функционира таквата комисија, освен дека ќе излезе со план за елиминирање на „измамата и неправилните плаќања“ во првите шест месеци од нејзиното постоење.
„По совет на Илон Маск, ќе формирам комитет за владина ефикасност, кој ќе спроведе сеопфатна финансиска ревизија и преглед на работата на целата сојузна влада, по што ќе даде препораки за драстични реформи“, рече републиканецот.
На 19 август, Маск во подкаст рече дека е во разговори со Трамп на оваа тема и дека е заинтересиран да се приклучи на комисијата.
„Подготвен сум да ѝ служам на Америка доколку се укаже можност“, напиша денеска Маск на својата платформа X.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со порака до Иран: Време е…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…
Трамп ја откажа посетата на американските претставници…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…
(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…
Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…
Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…
Путин по разговорот со Трамп одржа состанок…
Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со…