Трамп: Ако станам претседател Путин ќе го ослободи новинарот Гершкович од затвор
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека, во случај на негов реизбор за претседател на САД, новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович веднаш ќе биде ослободен од руски затвор, додека Кремљ негираше постоење на каков било контакт со Трамп.
„Владимир Путин, претседателот на Русија, ќе го направи тоа за мене, но не за некој друг“, напиша Трамп на својата социјална мрежа, а пренесе Ројтерс.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков негираше каков било договор меѓу Путин и Трамп.
Песков додаде дека контактите за затворените лица не треба да бидат јавни, истакнувајќи дека тие не можат да бидат ефективни на тој начин.
Гершкович (32) е американски новинар кој беше уапсен во март 2023 година и е затворен во затворот Лефортово под обвинение за шпионажа.
Претходно во февруари Путин изјави дека ќе биде можно да се разменат Гершкович и руски државјанин кој е во затвор во Германија за убиство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со порака до Иран: Време е…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…
Трамп ја откажа посетата на американските претставници…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…
(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…
Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…