Трамп: Американските медиуми шират лаги за самитот Русија-САД
Американскиот претседател Доналд Трамп изрази незадоволство од негативните извештаи на американските медиуми за подготовките за неговиот состанок со рускиот колега Владимир Путин во Алјаска.
„Медиумите многу неправедно известуваат за мојот состанок со Путин. Тие постојано цитираат отпуштени губитници и навистина глупави луѓе, како Џон Болтон, кој штотуку рече дека иако состанокот се одржува на американска почва, „Путин веќе победи“. Што значи тоа? Ние победуваме во сè“, рече тој.
„Лажните медиуми работат прекувремено (без данок на прекувремена работа). Да ги добиев Москва и Ленинград како дел од договорот со Русија, лажните медиуми ќе рекоа дека сум направил лош договор“, рече Трамп.
Претходно, поранешниот советник за национална безбедност на САД, Џон Болтон, во интервју за ABC News изјави дека Трамп, со одржувањето на самитот со Путин во Алјаска, му дал на рускиот лидер „предност на првиот потег, бидејќи неговиот мировен план ќе биде прв на маса“. Се очекува средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп да се одржи на 15 август во Алјаска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со порака до Иран: Време е…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…
Трамп ја откажа посетата на американските претставници…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…
(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…
Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…
Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…
Путин по разговорот со Трамп одржа состанок…
Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со…