Трамп воведе санкции за Меѓународниот кривичен суд за напади врз САД и нивни сојузници
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша наредба со која се санкционира Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг за напади врз САД и нивните сојузници, како што е Израел.
Наредбата наметнува финансиски и визни санкции за „поединци и членовите на нивните семејства кои помагаат во истрагите на МКС во кои се вклучени американски државјани или сојузници“, се вели во документот до кој дојде Си-Ен-Ен.
Санкциите дојдоа како одговор на налозите за апсење издадени од МКС минатата година за високи израелски функционери, вклучително и премиерот Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант.
МКС издаде потерници по обвиненијата за воени злосторства и злосторства против човештвото поврзани со воените дејствија на Израел во Газа, по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.
МКС, исто така, повика на апсење на водачите на Хамас, вклучувајќи го и Јахја Синвар, кој подоцна беше убиен.
Тие одлуки на МКС предизвикаа бурни реакции во САД.
Минатиот месец, Претставничкиот дом, контролиран од републиканците, донесе закон со кој се санкционира МКС, додека демократите во Сенатот го блокираа неговото спроведување.
Критичарите сметаат дека декретот подразбира изедначување на лидерите на сојузниците на САД со лидерите на терористичките организации.
Иако ниту САД ниту Израел не се членки на МКС, налозите го отежнуваат патувањето во која било од 124-те земји од договорот кои би биле обврзани да апсат израелски официјални лица.
Кабинетот на премиерот Нетанјаху ги отфрли наредбите, нарекувајќи ги „апсурдни и антисемитски“.
Нетанјаху, кој моментално е во Вашингтон, е првиот странски лидер што го посети Трамп во Белата куќа, каде заедно се појавија на заедничка прес-конференција, каде што Трамп најави дека САД ќе го „преземат“ Појасот Газа.
Ова не е прв пат Трамп да го санкционира МКС.
За време на неговиот прв мандат, Трамп одобри санкции и визни ограничувања против персоналот на МКС, откако судот покрена истрага за наводни воени злосторства од страна на американските и авганистанските сили, како и за наводните воени злосторства и злосторства против човештвото извршени од талибанците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апелација ја укина затворската казна за убиството…
Апелацискиот суд ја преиначи првостепената пресуда за…
Трамп со порака до Иран: Време е…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…
Трамп ја откажа посетата на американските претставници…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…
(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…
Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…
Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…