Објавено на:

Трамп: Воените напади ќе продолжат врз Иран додека јас не кажам дека е доволно

t

Централната команда на САД (CENTCOM) соопшти дека завршила уште една рунда ноќни напади врз ирански воени цели во близина на Ормускиот Теснец и долж иранскиот брег, а истовремено повторно вовела поморска блокада за бродовите што пловат кон или од иранските пристаништа. Во меѓувреме, Техеран соопшти дека нападнал американски воени објекти во Бахреин и Кувајт.

„Американски борбени авиони, беспилотни летала и воени бродови употребија прецизно наведувана муниција против ирански ракетни и беспилотни позиции, поморски капацитети и крајбрежни одбранбени системи во текот на седумчасовниот бран напади, со цел дополнително да се намали способноста на Иран да го загрозува комерцијалниот поморски сообраќај и цивилните екипажи“, објави американската воена команда на платформата X.

Оттаму додаваат дека во моментов низ Блискиот Исток се распоредени повеќе од 20 воени бродови на американската морнарица и стотици воени авиони.

Иранската Револуционерна гарда (IRGC) соопшти дека извела напади врз американски воени објекти во Бахреин и Кувајт, вклучително и локации што ги користи Петтата флота на САД. Во меѓувреме, јорданската армија соопшти дека на 15 јули пресретнала и соборила три ирански ракети.

Американскиот адмирал Бред Купер, изјави дека Иран намерно нападнал седум трговски бродови во изминатите седум дена низ регионот, при што речиси десетина цивилни членови на екипажите биле убиени, повредени или се водат како исчезнати.

Тој додаде дека иранските сили, исто така, испратиле десетици ракети и беспилотни летала кон соседните земји од Персискиот Залив.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека, доколку Техеран не се врати на преговарачката маса, САД би можеле да ја прошират својата воена кампања и да нападнат иранска цивилна инфраструктура, вклучувајќи електрани и мостови.

Во интервју за „Фокс њуз“ на 14 јули, Трамп изјави дека САД ќе го погодат Иран „многу силно“ во текот на наредните ноќи. Тој додаде дека американските воени напади врз Иран ќе продолжат „сè додека јас не кажам дека е доволно“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Воените напади ќе продолжат врз Иран…

Централната команда на САД (CENTCOM) соопшти дека…

Кривична за таткото на Меланија од Куманово…

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава…

Зеленски ѝ врачи орден на Фон дер…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ѝ го…

Ристески го повтори ставот на премиерот: Ќе…

Заменик-министерот за економија Марјан Ристески денеска го…

Ристески најави нова потрошувачка кошничка од септември

Просечната потрошувачка кошничка е изработена и усвоена…