Објавено на:

Трамп ги повика Унгарците да гласаат за Орбан

t

Американскиот претседател Доналд Трамп ја изрази својата поддршка за својот „пријател“, конзервативниот унгарски премиер националист Виктор Орбан, повикувајќи ги Унгарците да го поддржат на изборите закажани за идниот месец.

„Унгарија: Одете да гласате за Виктор Орбан. Тој е вистински пријател, борец и победник, и има моја целосна и безусловна поддршка за повторниот избор за премиер на Унгарија“, напиша Трамп на својот профил на социјалната мрежа „Truth Social“.

Американскиот претседател исто така изјави дека Унгарија и САД достигнуваат „нови врвови во соработката“, поздравувајќи го Орбан како вистински лидер во „борбата против нелегалната имиграција“ и „враќањето на јавниот ред“.

Според независните анкети, ултра конзервативниот Виктор Орбан кој е на власт во Унгарија од 2010 година, се наоѓа во понеповолна позиција за парламентарни избори на 12 април, на кои се надева да освои петти мандат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски и додели орден на Меланија Трамп…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на првата дама…

Трамп со порака до Иран: Време е…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…

Трамп ја откажа посетата на американските претставници…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…

(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…

Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…

Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…