Објавено на:

Трамп: Данците пристигнале на Гренланд со брод пред 500 години, но тоа не значи дека е нивен

t

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно предизвика бурни реакции со изјава за Гренланд, со која го доведе во прашање правото на Данска над оваа територија. Трамп порача дека историското „откривање“ на една земја не значи автоматски и сопственост врз неа.

Во видео-снимка што вчера се прошири на социјалните мрежи, Трамп истакна дека има позитивен однос кон Данците, но ги оспори нивните историски аргументи.

„Беа многу љубезни кон мене и тоа го ценам. Но, фактот што пристигнале таму со брод пред 500 години не значи дека ја поседуваат таа територија“, изјави Трамп во разговор со новинари.

Неговата изјава се надоврзува на претходните настапи и интерес за Гренланд – автономна територија во состав на Кралството Данска, која има големо геостратешко значење и е богата со природни ресурси.

Претходно, Трамп рече дека САД ќе го преземат Гренланд „на полесен или на потежок начин“, без оглед на ставот на Данска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп објави нова мапа на Truth social:…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, сподели мапа…

Фон дер Лајен му парира на Трамп…

Европската унија ќе инвестира дополнителни 200 милиони…

ЕУ ќе издвои дополнителни 200 милиони евра…

Европската унија ќе обезбеди дополнителни 200 милиони…

Данска распореди регрути во Гренланд

Данска распореди регрути во Гренланд, својата автономна…

Брисел му возврати на Трамп: Ќе го…

Европската комисија во средата одговори на новите…