Трамп: Добро го познавам Путин, немаше да дозволам ескалација во Украина да бев претседател
Поранешниот американски лидер Доналд Трамп изјави дека немаше да дозволи ескалација во Украина доколку останеше на претседателската функција.
„И сега имаме конфликт како резултат на кој теоретски би можеле да умрат стотици илјади луѓе, што никогаш не би се случило дури ни за милион години кога би бил претседател“, рече Трамп, додавајќи дека и„цените на нафтата би биле ниски“.
Говорејќи пред своите приврзаници во американската сојузна држава Тексас на митингот што го пренесуваше Newsmax, Трамп рече дека рускиот претседател Владимир Путин „никогаш немаше да оди на оваа ескалација. Тој додаде дека „добро го познава“.
Претходно Трамп изјави дека веднаш треба да се започнат преговори за ставање крај на кризата во Украина, во спротивно ситуацијата може да ескалира во трета светска војна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американски милијардер ја презема меѓународната империја на…
Конзорциум предводен од американскиот милијардер Тод Боли…
САД одобрија можна продажба на опрема за…
Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…
Маск го удвои ветувањето: Секое дете во…
Илон Маск, најбогатиот човек во светот, објави…
ЕУ предлага санкции за една банка и…
Европската комисија предложила воведување санкции за една…
Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…
„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…