Трамп: За жал, многу од заложниците што ги чекаме не се меѓу живите
Поранешниот американски претседател и кандидат на Републиканската партија за претстојните претседателски избори во САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека многу од заложниците киднапирани од членовите на палестинската милитантна група Хамас во нападот врз јужен Израел во октомври „веќе не се меѓу живите“.
За време на предизборниот митинг во Бронкс, тој зборуваше за меѓународни прашања, а кога е во прашање војната во Газа, рече дека „знаел дека многумина нема да се вратат“ кога видел снимки како се однесувале со заложниците за време на нападот на Хамас, пренесува „The Times of Israel“.
-Меѓу вас гледам многу знамиња на Израел. Тоа е страшна работа, но морам да кажам, верувам дека многу од заложниците што ги чекате и сите ги чекаат, многу од нив се мртви. Некои ќе бидат живи, но многумина се мртви – рече Трамп, додавајќи дека ништо од ова немаше да се случи доколку претходните претседателски избори, на кои тој загуби од актуелниот американски претседател Џозеф Бајден, не беа „украдени“.
Тој зборуваше и за лидерските способности на Бајден, наведувајќи дека лидерите на Кина, Русија, Унгарија и Северна Кореја ја извршуваат својата работа „на највисоко ниво“, за разлика од Бајден.
Трамп најави и дека доколку биде избран за втор претседателски мандат на изборите на 5 ноември, ќе ги стави САД во позиција „светот повторно да ги почитува“.
Тој вети дека ќе ја подобри транспортната инфраструктура и ќе ја обнови „најголемата економија“, говорејќи во метрополитенската област Бронкс во Њујорк, каде што мнозинството гласачи традиционално одат за демократските кандидати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел: „Ердоган ја намамува Турција во опасни…
Израел испрати ново остро предупредување до Турција,…
Израел нападна полициска станица во Газа –…
ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…
Ердоган: Не сакаме војна со Израел, но…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју…
Зетот на Трамп оди во Израел, ќе…
Џаред Кушнер, пратеникот и зет на американскиот…
Двајца израелски војници и еден Либанец загинаа…
Двајца израелски војници се убиени во Јужен…