Објавено на:

Трамп имал „многу добар разговор“ со Путин, очекува за брзо да завршат војните во Украина и во Иран

t

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Фокс њуз изјави дека Иран може да контактира со САД доколку сака да преговара за крај на војната.

„Ако сакаат да преговараат, можат да дојдат кај нас или да ни се јават. Знаете, има телефон. Имаме многу добри и сигурни линии“, рече Трамп.

Тој посочи дека го откажал планираното патување на неговите специјални пратеници, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, во Исламабад, каде што престојува иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи.

„Мислам дека војната со Иран ќе заврши многу брзо и ние ќе бидеме победници“, рече Трамп, изразувајќи увереност дека Исламската Република нема да продолжи со развој на својата нуклеарна програма.

Тој повторно ги критикуваше сојузниците во НАТО, оценувајќи дека не ја даваат доволната поддршка на САД.

„Велика Британија рече дека ќе испрати бродови кога ќе заврши војната и тоа не е добро“, додаде Трамп.

Американскиот претседател исто така изјави дека денес имал „многу добри разговори“ со рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Работиме на руската ситуација… се надеваме дека ќе го завршиме и тоа“, рече Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски и додели орден на Меланија Трамп…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на првата дама…

Иран се заканува со ракетни напади врз…

Ирански пратеници се заканија со ракетни напади…

Норвешка подготвува штит против дронови на границата…

Норвешка ќе распореди дополнителни сензори за противвоздушниот…

Галибаф: Американците на изборите рекоа „не“ на…

Главниот ирански преговарач со САД, Мохамад Багер…

Обама: Американскиот народ испрати порака дека сака…

Поранешниот претседател на САД – Барак Обама,…