Објавено на:

Трамп: Имаме многу добри односи со Данска, но Гренланд е стратешки важен за САД

t

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека САД имаат „многу добри односи со Данска“, но додаде и дека Гренланд е стратешки важен за Америка.

„Ни треба Гренланд. Не можам да се потпрам на Данска“, рече Трамп.

Претседателот на САД изрази верување дека ситуацијата „некако ќе се реши“, пренесува Ројтерс.

„Ако ние не сме таму, тогаш Русија и Кина ќе бидат таму. Данска нема да може ништо да направи во врска со тоа, додека ние можеме да направиме сè“, тврдеше американскиот лидер.

Трамп заклучи дека, според него, тоа е прашање на национална безбедност, „не само за Соединетите Американски Држави, туку и за Европа“, додавајќи дека веќе разговарал за темата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…

Маж уапсен со оружје во близина на…

Американската Тајна служба уапси маж во близина…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…