Трамп и Нетанјаху ја менуваат регионалната и глобалната историја
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац разговараше со шефот на Пентагон, Пит Хегсет, во текот на ноќта и изрази сочувство за смртта на шестмина американски војници во иранските напади, соопшти кабинетот на министерот.
Во разговорот со Хегсет, Кац нагласи дека Израел прави и ќе продолжи да прави сè за да ги заштити американските војници во регионот и му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата поддршка за Израел.
„Соработката меѓу Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја менува регионалната и глобалната историја“.
Кац, исто така, ја пофали тесната воена соработка што им овозможува на израелските граѓани да бидат заштитени од „иранската ракетна закана“ и да постигнат воени цели. Хегсет возврати на пофалбите за соработката меѓу војските и можностите на израелските вооружени сили, заклучувајќи: „Продолжете до крај, ние сме со вас“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски и додели орден на Меланија Трамп…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на првата дама…
Трамп со порака до Иран: Време е…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…
Трамп ја откажа посетата на американските претставници…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…
(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…
Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…
Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…