Трамп, неговите роднини и нивните компании добиле „доживотен“ имунитет од даночни ревизии
Американското Министерство за правда наводно ѝ забранило на Даночната служба на САД (IRS) понатаму да спроведува ревизии поврзани со претходни даночни пријави на американскиот претседател Доналд Трамп, неговите роднини и неговите компании, според едностраничен документ објавен во вторникот.
Во документот, потпишан од вршителот на должноста јавен обвинител Тод Бланш, се наведува дека американската влада е „трајно спречена“ да врши ревизија на даночните пријави на Трамп поднесени пред понеделникот, како и на сите прашања „кои биле покренати или можеле да бидат покренати“.
Одлуката предизвика реакции во американската јавност и политичките кругови, бидејќи станува збор за исклучително широка правна заштита која потенцијално ги опфаќа и членовите на семејството на Трамп, како и неговите деловни субјекти.
Засега нема официјален коментар од Белата куќа ниту од Даночната служба на САД во врска со содржината и правните последици од документот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Маж уапсен со оружје во близина на…
Американската Тајна служба уапси маж во близина…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…