Трамп: Нема да го депортирам принцот Хари, тој има доволно проблеми со сопругата
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема намера да го депортира принцот Хари од Америка и покрај правната битка за неговиот статус на имиграција.
„Не сакам да го направам тоа. Ќе го оставам на мира. Има доволно проблеми со сопругата. Таа е ужасна“ рекол Трамп, пренесе Њујорк пост.
Принцот Хари моментално се соочува со правни предизвици во врска со неговиот престој во САД. Конзервативната тинк-тенк фондација Херитиџ поднесе тужба во Вашингтон, тврдејќи дека војводата од Сасекс можеби ја криел неговата употреба на нелегални дроги, што би можело да му ја одбие американската виза.
Во своите мемоари „Spare“, Хари призна дека користел кокаин во тинејџерските години, како и дека експериментирал со канабис и халуциногени печурки.
Фондацијата Херитиџ ги наведе овие признанија во тужбата против Одделот за домашна безбедност, барајќи објавување на информациите за визата на Хари. Тие, исто така, сугерираа дека претходниот претседател, демократот Џо Бајден, му даде посебен третман кога се пресели во Калифорнија по „Мегзит“ – моментот кога Хари и Меган официјално ги напуштија кралските должности.
Трамп, исто така, во интервју за Њујорк пост додаде дека мисли дека братот на Хари, принцот Вилијам, е „одличен млад човек“.
Двајцата се сретнаа зад затворени врати во декември, по повторното отворање на катедралата Нотр Дам во Париз.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со порака до Иран: Време е…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…
Трамп ја откажа посетата на американските претставници…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…
(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…
Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…
Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…
Путин по разговорот со Трамп одржа состанок…
Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со…