Трамп нема да го продолжи примирјето со Иран ако не успеат преговорите
Американскиот претседател Доналд Трамп во пресрет на мировните преговори во Пакистан меѓу Иран и САД во интервју за американските медиуми изјави дека всушност тој не сака да го продолжи примирјето со Иран доколку пропаднат преговорите. Тој потврди дека САД се во силна преговарачка позиција и дека на крајот ќе постигнат, како што рече, одличен договор.
„Не сакам да го правам тоа. Немаме толку многу време“, рече Трамп кога беше прашан околу тоа дали размислува да го продолжи двонеделното примирје со Иран доколку не се постигне договор во Исламабад меѓу двете страни.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран „повеќепати го прекршил примирјето“, обвинувајќи го Техеран за недоследно почитување на договорените услови. Изјавата ја објави на својата социјална мрежа, без да наведе конкретни детали за наводните прекршувања.

Според најавите, привременото примирје истекува доцна во среда според американско време, додека во меѓувреме двете страни меѓусебно се обвинуваат за негово нарушување. Иран претходно тврдеше дека САД го прекршуваат договорот преку воведување ограничувања и мерки поврзани со стратешкиот Ормуски Теснец.
Паралелно со дипломатските пораки, продолжуваат и воените и политичките тензии меѓу двете земји, додека во меѓународната јавност се очекува развојот околу можниот нов круг преговори што би можел да се одржи во Пакистан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран напаѓа американски бази во четири земји…
Иран ги прошири своите одмазднички напади врз…
Трамп: Ако војната влезе во трета рунда,…
Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани…
Иранскиот претседател му се заблагодари на Путин…
Рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател…
Трамп: Иранскиот остров Харг е „разбиен на…
Иранскиот остров Харг, што претставува енергетски центар…
САД нападнаа ирански ракетни фрлачи во Ормускиот…
Американската војска извршила нови напади врз ирански…