Објавено на:

„Трамп не го опцу Нетанјаху, но имаа напнат разговор“, пренесува израелскиот Канал 12

t

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху имал „напнат“ разговор со американскиот претседател Доналд Трамп во врска со планираниот израелски напад врз цели на либанската милитантна група Хезболах во Бејрут, изјави денеска неименуван член на кабинетот на Нетанјаху.

Тој за израелскиот Канал 12 го демантираше претходниот извештај на мрежата дека Трамп го опцул Нетанјаху и лично го напаѓал за време на синоќешниот разговор, пренесува Тајмс оф Израел.

Во извештајот на Канал 12 се наведува дека синоќа биле одржани два разговори меѓу Нетанјаху и Трамп, еден во 19 часот по локално време и друг околу полноќ, при што вториот бил значително понапнат.

По првиот телефонски разговор, Трамп објави на социјалната мрежа Трут Соушл дека ИДФ нема да го нападне Бејрут и дека Израел и Хезболах нема да се напаѓаат меѓусебно. Нетанјаху подоцна сепак предупреди дека ќе ги спроведе своите претходно направени планови за напад врз Бејрут доколку Хезболах не ги запре нападите врз северот на Израел и потврди дека израелската офанзива во јужен Либан ќе продолжи.

Вториот телефонски разговор бил насочен кон меѓусебните поплаки на двајцата лидери во врска со нивните различни толкувања на првиот повик, наведува Канал 12. Трамп бил вознемирен што Нетанјаху најавил дека, освен одложувањето на нападот врз Бејрут, војната продолжува со полн интензитет, додека Нетанјаху бил фрустриран што објавата на Трамп сугерирала дека Израел ги прекинал воените операции на сите фронтови.

Меѓутоа, израелскиот извор демантира дека Трамп опцул и лично го нападнал Нетанјаху тврдејќи дека го штити од одење во затвор, како и дека рекол дека и израелскиот премиер и Израел се омразени ширум светот.

„Трамп за време на разговорот рече дека е тешко да се претстави позицијата на Израел пред светот и дека тоа поттикнува непријателство кон него. Разговорот заврши со договор дека Израел ќе се откаже од нападот врз Бејрут под услов да не биде нападнат на своја територија“, изјавил неименуваниот израелски извор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Муцунски оствари средба со Варнс: Фокус на…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…

Зеленски и додели орден на Меланија Трамп…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на првата дама…

Иран се заканува со ракетни напади врз…

Ирански пратеници се заканија со ракетни напади…

Галибаф: Американците на изборите рекоа „не“ на…

Главниот ирански преговарач со САД, Мохамад Багер…

Обама: Американскиот народ испрати порака дека сака…

Поранешниот претседател на САД – Барак Обама,…