Трамп остро кон Мерц: „Не знаеш што зборуваш“
Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикуваше германскиот канцелар Фридрих Мерц, тврдејќи дека „мисли дека е во ред Иран да има нуклеарно оружје“, објавија светските медиуми.
Тој исто така рече дека ако Техеран добие нуклеарна бомба, „целиот свет ќе биде заложник“ и дека во моментов презема чекори кон Иран што, тврди тој, другите земји и претседатели требало да ги преземат одамна.
„Германскиот канцелар Фридрих Мерц мисли дека е во ред Иран да има нуклеарно оружје. Тој не знае за што зборува! Ако Иран имаше нуклеарно оружје, целиот свет ќе беше заложник. Во моментов правам нешто во врска со Иран, нешто што другите земји или претседатели требаше да го направат одамна. Не е ни чудо што на Германија ѝ оди толку лошо, и економски и на други начини“, напиша Трамп на мрежата „Трут сошл“.
Реакцијата на Трамп следува откако вчера германскиот канцелар изјави дека иранското раководство ги „понижува“ САД во тековниот конфликт. Мерц рече дека Вашингтон се чини дека нема јасна стратегија и праша каков излез би можеле да изберат САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп ја откажа посетата на американските претставници…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…
(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…
Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…
Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…
Путин по разговорот со Трамп одржа состанок…
Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со…
Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…
Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…