Објавено на:

Трамп рекламира американска Библија која се продава за 59,99 долари

t

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, републиканскиот кандидат на претстојните претседателски избори во ноември, рекламира верзија на Библијата што близок кантри пејач ја продава за 59,99 долари, пишува Гардијан.

Во објава на својата социјална мрежа Вистина, Трамп ги „охрабрува“ своите поддржувачи да си набават примерок од Библијата, која ја промовира „во партнерство со добриот пријател“ Ли Гринвуд, кантри пејач чии песни се пуштаат на митинзите на Трамп.

Гринвуд ја продава својата верзија на копијата на светите списи преку godblesstheusabible.com, која содржи и фотографии од републиканскиот кандидат со книгите. Библијата е украсена со американското знаме и зборовите „Бог да ги благослови Соединетите држави“, а содржи и текстови како што се американскиот Устав и Декларацијата за независност.

Гринвуд на страницата пишува дека тоа е единствената Библија поддржана од Трамп, но исто така нагласува дека републиканецот не заработува од неа, ниту неговата кампања, туку дека го користи името на поранешниот претседател со платена лиценца.

Самиот Трамп во видеото рече дека „верата и христијанството се најголемите работи што недостасуваат“ во САД и дека „навистина верува дека тие мора да се вратат, и тоа брзо“. „Мислам дека тоа е еден од најголемите проблеми што ги имаме. Затоа нашата земја е скршена. Ја изгубивме вербата во нашата земја. На сите Американци им треба Библија во нивниот дом, а јас имам многу од нив“, рече тогаш тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милиони домаќинства во Германија ќе плаќаат поскапо…

Милиони домаќинства во Германија ќе плаќаат поскапа…

Посетата на Еди Рама носи посебен сообраќаен…

Поради официјалната посета на албанскиот премиер Еди…

Полицијата го приведе 87-годишниот скопјанец кој возеше…

Полициски службеници од Полициската станица Карпош при…

Руте: НАТО ќе брани „секој сантиметар од…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој…

Во Франција шеста сабота по ред протести…

Ширум Франција шеста сабота по ред се…