Објавено на:

Трамп: САД и Иран постигнаа договор вчера, Техеран го прекрши со нов напад

t

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Соединетите Американски Држави и Иран постигнале договор вчера, но дека Техеран го прекршил само еден час подоцна кога со дрон нападнал еден брод.

Говорејќи за телевизијата Ен-Би-Си, Трамп рече дека Иран се согласил на договор со кој, како што наведе, „се откажал од сè“.

– Имавме состаноци со нив … Вчера се согласија на договор – совршен договор за нас. Без нуклеарна програма, без ова, без она, без ништо. Се откажаа од сè. А потоа ја напуштија просторијата и само еден час подоцна лансираа дрон кон еден брод – рече Трамп.

Тој наведе дека САД потоа „жестоко го бомбардирале“ Иран во текот на претходната ноќ.

– Тоа се многу зли и болни луѓе – рече американскиот претседател.

Трамп изјави и дека Ормуската Теснина е отворена за комерцијален поморски сообраќај, и покрај продолжувањето на меѓусебните напади меѓу САД и Иран.

И Централната команда на САД (Центком) денеска соопшти дека Ормуската Теснина е отворена за сите пловни објекти кои сакаат легално да поминат низ тој меѓународен воден пат. Во соопштението, објавено на Х се наведува дека американските сили се позиционирани и подготвени да осигураат пловидбата низ Ормуската Теснина и понатаму да остане слободна и покрај, како што се вели, „неоправданата иранска агресија, вознемирување, закани и произволни изјави“.

„Иран не го контролира протокот. Сообраќајот се одвива без проблеми“, тврди Центком.

Од друга страна, Техеран во меѓувреме денеска соопшти дека во моментов не е можна пловидба низ Ормуската Теснина поради, како што наведе, „неодамнешните незаконски активности на американските воени сили во регионот“.

Иранската Управа за Персискиот Залив и Ормуската Теснина наведе во соопштение дека сите барања за премин ќе бидат разгледани во согласност со распоредот, а неопходните дозволи ќе бидат издадени штом ќе се воспостават стабилност и мир.

Ормуската Теснина, која го поврзува Персискиот Залив со Оманскиот Залив и Арапското Море, претставува една од најважните светски поморски рути за транспорт на нафта и гас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп изјави дека Украина мора да сака…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…

Администрацијата на Трамп поништи над 300.000 визи…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поништила…

Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…

Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…

Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…