Трамп: САД одат во пеколот
Екс претседателот на САД, Доналд Трамп (77) изјави дека Америка брзо пропаѓа и дека неговиот реизбор ќе и даде на земјата последна шанса да ги промени работите.
„Нашата земја оди во пеколот. Нашата земја оди надолу“, рече Трамп во интервју за сателитската радио станица SiriusHM.
„Америка има последна шанса, што ги прави претседателските избори во 2024 година `најважните избори што некогаш сме ги имале`“ – тврди Трамп.
Тој призна дека го кажал истото за претседателската трка во 2016 година, но инсистираше на тоа дека гласањето следната година ќе биде уште поважно.
„На нашата земја и оди лошо, таа се уништува (администрацијата на Бајден). Ние сме нација во сериозен пад и мислам дека можам многу брзо да го свртам тоа“ – рече Трамп.
На прашањето што мисли за обвиненијата покренати против него и колку е загрижен дека може да заврши зад решетки, Трамп вели дека има „одличен став“ за тоа.
„Тоа воопшто не ме засега, бидејќи се борам за земјата, за народот“, изјави Трамп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…
Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…
Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…
Маск најави акции од „Спејс-екс“ за секое…
„Спејс-Екс“ (SpaceX) на Илон Маск и технолошката…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…