Трамп со остра порака до Хамас: „Последно предупредување – нема да има друго“
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека упатил „последно предупредување“ до Хамас да се согласи на договор за ослободување на заложниците, тврдејќи дека Израел веќе ги прифатил условите што ги предложил Вашингтон. Тој порача дека е време војната да заврши и најави сериозни последици доколку милитантната група го одбие планот.
„Време е Хамас да прифати. Ги предупредив за последиците од неприфаќањето. Ова е моето последно предупредување – нема да има друго“, напиша Трамп на социјалните мрежи.
Според израелската станица N12, цитирана од Ројтерс, рамката на предложениот договор предвидува ослободување на сите преостанати заложници веднаш по почетокот на прекинот на огнот. За возврат, Израел би ослободил илјадници палестински затвореници. Овој модел би служел како основа за пошироки разговори за ставање крај на војната. Израелски функционер изјавил дека предлогот се разгледува „сериозно“.
Трамп веќе испраќаше слични пораки и најавуваше зголемен притисок врз Хамас, додека американски функционери за Асошиејтед прес потврдија дека има директни контакти со организацијата во рамки на преговорите за заложници.
Во меѓувреме, израелската влада останува на ставот дека крајот на војната би подразбирал безусловно ослободување на сите заложници, предавање и разоружување на Хамас, како и отстранување на неговите лидери од власт во Газа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел уби висок командант на Хамас во…
Израелската армија во петокот соопшти дека убила…
22.233 ученици се регистрирани за новата учебна…
Директоратот „Текума“, задолжен за обновата на заедниците…
Израелската армија тврди дека елиминирала припадник на…
Израелската армија соопшти дека во воздушните напади…
Нова пратка со 900 тони хуманитарна помош…
Уште една, нова пратка со 900 тони…
„Хамас“ се согласи да ја предаде власта…
„Хамас“ се согласил да ја предаде власта…