Објавено на:

Трамп со убедливо водство на анкетите меѓу републиканците

t

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, убедливо води меѓу ривалите за републиканскаа претседателска номинација, со разлика од 37 отсто во однос на второпласираниот кандидат,  гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, покажува најновата анкета на „Њујорк Тајмс“ и колеџот „Сиена“.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека Трамп има поддршка од 54 отсто од републиканските гласачи, додека 17 отсто од нив би гласале за ДеСантис. Сите други кандидати имаат републиканска поддршка од три и помалку проценти.

Според американскиот весник, Трамп е во водство речиси кај секоја демографска група и регион и во сите идеолошки крила на партијата.

„Трамп води со голема разлика меѓу мажите и жените, помладите и постарите гласачи, умерените и конзервативните гласачи, оние со факултетски дипломи и оние без, во градовите, предградијата и руралните области“, наведува „Њујорк Тајмс“.

Истовремено, огромно мнозинство републиканци или 58 отсто, изјавија дека Трамп е кандидатот кој може да го победи актуелниот претседател на САД,Џо Бајден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американската војска тестирала 50 функционери на детектор…

Некои од највисоките американски воени функционери биле…

Италијански весник: САД тајно ја убедуваат Бугарија…

Соединетите Американски Држави „преку таен канал“ ја…

Белата куќа на сајтот објави видео-игри, во…

Белата куќа на својот официјален сајт претстави…

Холандија повлече 86 тони злато од САД…

Холандската централна банка (DNB) префрли 86 тони…

Лефков: Талогот на СДС и Филипче за…

Венко Филипче кој има главна улога во…