Објавено на:

Трамп тврди дека го одложил „закажаниот“ напад врз Иран на барање на арапските земји во регионот

t

Американскиот претседател, Доналд Трамп, тврди дека го одложил воениот напад врз Иран, кој бил планиран за вторник, по барање на земјите од Заливот, бидејќи „во тек се сериозни преговори“.

Во објава на Truth Social, тој напиша дека бил замолен да го стори тоа од лидерите на Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Трамп наводно имал информации дека ќе биде постигнат договор што е „многу прифатлив“ за САД, додавајќи дека „НЕМА ДА ИМА НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ ЗА ИРАН!“

Но, повторно во негов стил, се закани дека американската војска ќе биде подготвена „да започне целосен напад од големи размери врз Иран, во секој момент“ доколку не се постигне прифатлив договор.

Иран сè уште јавно не ја коментирал најновата објава на Трамп.

Во текот на викендот, Трамп го предупреди Техеран дека „времето истекува“, бидејќи разговорите за ставање крај на војната биле во застој.

Израелските и американските сили започнаа масовни воздушни напади врз Иран, на 28-ми февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американскиот амбасадор во Израел го нарече насилството…

Американскиот амбасадор во Израел, Мајк Хакаби, остро…

Нов удар за возачите во Германија: Горивото…

Горивото во Германија повторно поскапува, а најголем…

Ангелов за пожарот кај Градско: „Некој намерно…

Директорот на Центарот за управување со кризи,…

Денеска сончево и топло со температури од…

Управата за хидрометеоролошки работи за денеска објави…

Mаскирани демонстранти против имиграцијата ги блокираа патиштата…

Британската влада ги осуди блокадите на пристаништето…