Трамп ја доби наградата „Архитект на мирот“
Фондацијата Ричард Никсон вчера во Белата куќа му ја додели наградата „Архитект на мирот“ на претседателот на САД, Доналд Трамп.
Според Фондацијата, надворешната политика на претседателот Трамп, “Америка на прво место”, се темели на активна, лична дипломатија, споена со филозофијата на мир преку сила.
“Резултатите беа неверојатни во однос на бројот на прекини на огнот и мировни договори што ги постигна низ целиот свет”, посочија од Фондацијата.
Меѓу успесите кои придонесоа за наградата, Фондацијата Никсон го подвлече посредувањето на Трамп во Аврамовите договори меѓу Израел и неговите соседи, решавањето на кризата во Персискиот Залив и организирањето примирја во повеќе конфликтни подрачја.
Посебен акцент беше ставен на мировниот договор во Газа, кој предвидува ослободување на сите израелски заложници и ги поставува темелите за трајно решение за Блискиот Исток.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со порака до Иран: Време е…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…
Трамп ја откажа посетата на американските претставници…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…
(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…
Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…
Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…
Путин по разговорот со Трамп одржа состанок…
Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со…