Објавено на:

Трамп ја најави „најсуровата економска операција“ против Иран досега

t

Американскиот претседател Доналд Трамп најави нова кампања за економска изолација на Иран, заканувајќи им се со „огромни економски последици“ на сите земји што ќе му помагаат на Техеран или ќе продолжат да соработуваат со него, пренесува „Гардијан“.

„Денеска ја најавувам најсуровата економска операција што некогаш била преземена против која било земја! Секоја земја што ќе им дозволи на своите финансиски институции, компании, аеродроми или владини тела да му обезбедат каков било вид поддршка на Иран, и самата ќе се соочи со огромни економски последици“, напиша Трамп на Трут соушл.

Трамп не прецизираше какви мерки планира да воведе, ниту кои земји би можеле да бидат погодени.

Најавата доаѓа во момент кога војната се приближува до шестмесечната граница, а американскиот претседател е под сè поголем притисок поради трошоците за конфликтот, во пресрет на изборите за Конгресот.

Трамп минатиот месец ги стави во мирување американските напади врз Иран, по две недели ноќни удари кои не успеаја да ги вратат иранските власти на преговарачка маса.

Во меѓувреме, се појавија информации дека конфликтот ги намалил американските резерви на одредени видови клучна муниција.

Советници на Пентагон, наводно, тогаш му кажале на Трамп дека САД речиси ги исцрпеле целите во Иран и дека воената кампања го достигнала максимумот на својата ефикасност.

Во последните недели Белата куќа навести промена на стратегијата, со поголем фокус на економскиот притисок врз Иран.

Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, минатата недела изјави дека Вашингтон ќе ги засили напорите за економска изолација на Иран.

Американското Министерство за финансии веќе неколку месеци ја спроведува операцијата „Економски бес“, со која се обидува да ги прекине изворите на финансирање на Иран преку насочени санкции.

Мохамад Мохбер, советник на иранскиот врховен лидер, во вторникот изјави дека ниту воениот притисок, ниту санкциите нема да ја скршат решителноста на Иран.

Тој порача дека Иран и понатаму е отворен за дијалог со САД, но дека преговорите нема да ги поистоветува со капитулација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп ја најави „најсуровата економска операција“ против…

Американскиот претседател Доналд Трамп најави нова кампања…

НАТО до Иран: „Подготвени сме да се…

НАТО испрати јасна порака до Техеран дека…

Во Иран се егзекутирани најмалку 900 луѓе…

Иран егзекутирал најмалку 900 луѓе од почетокот…

Истече рокот за постигнување договор меѓу САД…

Рокот од 60 дена утврден со меморандум…

Иран нуди награда од 30.000 долари за…

Иран нуди награда од 30.000 долари за…