Трамп ќе бара истрага за тоа кои држави не ги почитуваат федералните закони за мигрантите
Според најавите американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе потпише извршна наредба со која ќе им наложи на федералниот генерален обвинител и на секретарот за внатрешна безбедност да утврдат во рок од еден месец кои градови и држави во САД не ги почитуваат федералните закони за имиграција, изјави неименуван функционер на Белата куќа.
Минатата недела федерален судија ја блокираше одлуката на администрацијата на Трамп да го одложи федералното финансирање за спроведување на законот од десетина држави и градови кои одбија да ги спроведат строгите мерки на владата против мигрантите, објави Ројтерс.
„Претседателот Трамп планира денес да потпише извршна наредба против нив, со што ќе се заострат мерките против државите и градовите предводени од демократите кои не соработуваат целосно со федералните власти за имиграција“, рече функционерот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со порака до Иран: Време е…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…
Трамп ја откажа посетата на американските претставници…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…
(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…
Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…
Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…
Путин по разговорот со Трамп одржа состанок…
Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со…