Објавено на:

Трамп: Ќе ги помилувaм учесниците во нeредите на Капитол Хил, ако се кандидирам и побeдам

t

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп најави дека доколку се кандидира и победи на следните избори, би можел да ги помилува учесниците во немирите на Капитол Хил во 2021 година.

„Ако се кандидирам и победам, тие луѓе ќе добијат фер третман. А ако тоа вклучува и помилувања, ние исто така ќе даваме помилувања, бидејќи тие луѓе се третираат неправедно“, рече Трамп на митинг во Тексас.

Демонстрантите кршеа прозорци и врати во Конгресот, демолираа канцеларии, нападнаа полицајци, во обид да го спречат Конгресот да ја потврди изборната победа на Џозеф Бајден. Повеќе од 700 луѓе се уапсени и обвинети за федерални злосторства, резултат на досега најголемата истрага на Министерството за правда.

Повеќе од 150 лица се обвинети за напад на полицајци, повеќе од 50 за заговор, а обвинети се и членови на екстремно десничарската организација „Чувари на заклетвата“.

Повеќе од 100 полицајци беа повредени, а пет лица загинаа.

Додека неговите поддржувачи го демолираа Конгресот, Трамп ги игнорираше повиците на неговите соработници да ги повикаат бунтовниците да се разотидат.

„Таму имаше многу љубов. Верувајте ми, имаше многу љубов, пријателство и луѓе кои ја сакаат нашата земја“, изјави Трамп неодамна за „Фокс њуз“.

Поранешниот претседател во неколку наврати навести дека би можел повторно да се кандидира во 2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Блискиот Исток „тотално надвор од контрола“

Поранешниот американски претседател тврди дека е единствениот…

Медведчук: Зеленски се подготвува да избега во…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски планира да…

Северна Кореја тестираше ракета способна да ги…

Тестот на проектилот со долг дострел доаѓа…

Пентагон размислува за започнување на војна против…

Пентагон размислува за одлуката да се вовлече…

Северна Кореја предупреди на „уништувачки“ нуклеарен одговор

Вашингтон и Сеул се подготвуваат за војна,…