Трамп ќе се сретне со Путин во Турција, доколку тоа значи спасување на животи
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би можел да се сретне со рускиот лидер Владимир Путин во Турција доколку тоа „спаси животи“.
„Тоа е можност да се стави крај на војната. Ќе размислам да одам во Турција“, рече Трамп. Тој исто така рече дека утрешниот ден е веќе испланиран однапред, но дека е подготвен да ги промени тие планови.
„Подготвен сум да ги променам плановите ако тоа би спасило животи“, им рече Трамп на новинарите. Доналд Трамп моментално е во Саудиска Арабија, како дел од неговата официјална посета на Блискиот Исток.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со порака до Иран: Време е…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…
Трамп ја откажа посетата на американските претставници…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…
(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…
Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…