Трамп ќе ја прескокне првата републиканска претседателска дебата неделава
Првата телевизиска дебата пред прелиминарните избори на Републиканската партија во САД ќе се одржи без учество на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, јави ДПА, повикувајќи се на неговата изјава на неговата социјална мрежа „Truth Social“.
-Јавноста знае кој сум јас и какво успешно претседателствување имав. Еве зошто нема да учествувам на дебатите, напиша Трамп со големи букви, додавајќи дека ќе биде подалеку не само од првата дебата на републиканците оваа среда, туку и на понатамошните внатрепартиски телевизиски дебати на неговата партија.
На дебатата се поканети да учествуваат гувернерот на Флорида Рон Де Сантис, поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс и поранешната гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли.
Прелиминарните избори на Републиканската партија ќе се одржат од јануари до јуни 2024 година, а потоа и претседателските избори во ноември. Трамп води во анкетите за републиканските прелиминарни избори
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со порака до Иран: Време е…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…
Трамп ја откажа посетата на американските претставници…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…
(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…
Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…
Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…
Путин по разговорот со Трамп одржа состанок…
Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со…