Трамп ѝ пиша на Османи: Отсекогаш сте биле доверлив партнер на САД
Поранешната претседателка на Косово, Вјоса Османи, објави писмо што го добила од американскиот претседател Доналд Трамп по завршувањето на неговиот мандат, во кое вели дека се радува на продолжување на соработката во годините што доаѓаат.
„Заедно, ќе ја зачуваме силната врска меѓу Косово и Америка, денес и засекогаш! Му благодарам на претседателот Трамп за писмото што го испрати по завршувањето на мојот мандат, кое го добив синоќа, и за признанието што го покажа за нашата работа.
Како што нагласува американскиот претседател во тоа писмо, се радувам на продолжување на нашата соработка во годините што доаѓаат“, напиша Османи на Фејсбук.
Во писмото со датум од 8 април, Трамп истакна дека се восхитува на „храброто и решително водство на Вјоса Османи во интерес на народот на Косово“.
„Заедно постигнавме многу за краток временски период – особено нашата соработка во рамките на Советот за мир. Учеството на Косово во оваа ветувачка нова иницијатива ќе игра огромна улога во завршувањето на конфликтите низ целиот свет, а воедно ќе ја поттикне слободата и просперитетот за двата наши народи. Кога наскоро ќе ја напуштите функцијата, ќе оставите зад себе важно наследство што ќе ја обликува иднината на вашата земја, балканскиот регион и цела Европа. Отсекогаш сте биле доверлив пријател и партнер на Соединетите Американски Држави и со нетрпение го очекувам нашиот континуиран дијалог во годините што доаѓаат“, се вели во писмото на Трамп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски и додели орден на Меланија Трамп…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на првата дама…
Иран се заканува со ракетни напади врз…
Ирански пратеници се заканија со ракетни напади…
Галибаф: Американците на изборите рекоа „не“ на…
Главниот ирански преговарач со САД, Мохамад Багер…
Обама: Американскиот народ испрати порака дека сака…
Поранешниот претседател на САД – Барак Обама,…
Меланија Трамп: Речиси 800 луѓе беа евакуирани…
Речиси 800 лица беа евакуирани од градот…