“Траорна” изјава на Милков: Пендиков настрада заради неговите идеи

t

Министрите за надворешни работи на Бугарија и на Република Македонија, Николај Милков и Бујар Османи, го посетија тепаниот секретар на бугарскиот културен клуб во Охрид, Христијан Пендиков во болницата во Софија.

„Ние кажуваме НЕ за заживување на овие црни традиции кои историски се поврзуваат со Македонија – на палење, пукање, насилство врз луѓе. Вакви работи немаат место во Европа. Бугарија нема да отстапи од заштитата на правата на нашата заедница, кои се луѓе со достоинство. Има ескалација Христијан во моментов продолжува да добива закани на интернет, што се грди зборови“, изјави шефот на бугарската дипломатија.

„Христијан Пендиков настрада поради своите идеи. Човек со кауза. Ситуацијата не смее да продолжи на овој начин. Бугарија цврсто инсистира сторителите на овој чин и други слични дела да бидат казнети со сета строгост на законот со цел да се заврши со атмосферата на неказнивост, која раѓа ново и ново насилство“, додаде Николај Милков.

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи остро го осуди нападот.

„ Македонија ќе обезбеди нулта толеранција за насилство“, рече Бујар Османи.

Според него, мора да се прекинат провокациите и насилството од двете страни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Сведочење на Пендиков: Го тепале зошто се…

Со сослушување на оштетениот Христијан Пендиков, секретар…

Османи не го потврди доаѓањето на Лавров…

Прашан дали имаат комуникации со Кабинетот на…

Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…

За тврдењата на албанската опозиција дека во…

Османи: Европската агенда на Македонија мора да…

Враќањето на проширувањето на агендата на Европската…