Трајановски: Безбедносните служби потфрлија со заканите за поставени бомби – Град Скопје не може, ама МВР може да ги предвиди и превенира!
Овој тренд ги става граѓаните во незавидна ситуација, истакна заменик-градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски во врка со дојавите за бомби во скопските основни и средни училишта.
Трајановски истакна дека агенциите за обезбедување кои би ги обезбедувале училиштата не можат да одговорат на вакви антитерористички закани, односно не можат да го третираат овој проблем.
– Точно е дека училиштата немаат обезбедување, тоа беше предмет на дискусија изминатиот период, и доколку би биле ангажирани, агенциите за обезбедување не можат да го третираат овој проблем, истакна Трајановски.
Ниту Град Скопје ниту училиштата можат да ја предвидат или превенираат оваа закана и лажни дојави за бомби. Имаме сериозен системски пропуст во МВР, тие ни излегуваат во пресрет, се прават проверки но тоа е гаснење на пожар со лонче. Доколку би можеле безбедносните служби да ги предвидат и превенираат овие дојави би било поинаку. Јас ги разбирам и родителите и учениците и нивната загриженост, ова е агонија за родителите. Од друг аспект ја завршуваме оваа, влегуваме во 2023 година, која е нова буџетска ќе се создаде таа можност да се ангажира обезбедување, или повторно секое средно училиште да може да си најмува приватна агенција за обезбедување, за кое сметам дека е исправно и се добива автономија, и ја има можноста за формирање на градско претпријатие за обезбедување. Сите опции се на маса, вели Трајановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…
Арсовска: Еве како МВР постапува кога некој…
Читај народе, како МВР постапува ВЕДНАШ кога…