Објавено на:

Трајковски се враќа во Калчото: Џенова фаворит пред други два италијански ривали!

t

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски е на пат после четири години повторно да игра во Италија, најавија медиуми од Чизмата, зашто повратникот во Серија А, Џенова е засега најблизу да го ангажира.

Според „Туто Меркато Веб“, Џенова е во моментов фаворит да го добие потписот на Трајковски пред Лече и Фросиноне, кои исто така се заинтересирани за екс-фудбалерот на Палермо, кој во 2019 година си замина од Италија после банкротот на сицилијанската гордост.

Трајковски од 2015 година беше дел од италијанскиот фудбал во Палермо, а после заминувањето имаше неуспешни предизвици во Мајорка, па дански Алборг, за да заврши во саудиска Ал Фејха. И во момент кога сѐ повеќе ѕвезди одат во Саудиска Арабија, Трајковски се реши да се врати во европскиот фудбал.

Џенова е екс-клуб на легендата на македонскиот фудбал Горан Пандев, кој шест години играше за најстариот италијански калчолигаш, пред да замине шест месеци во Парма и потоа да се пензионира во септември лани.

Трајковски беше јунак ланскиот март кога ја расплака Италија со голот во 93-та минута за победа во мундијалскиот бараж, а тој е стрелец и на голот против „аѕурите“ во Торино во 2017 година во претходните мундијалски квалификации и втор најдобар стрелец во македонската репрезентација во историјата.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Струјата во Македонија речиси 60 отсто поевтина…

Цената на електричната енергија за домаќинствата во…

Во Албанија нема веќе средна класа –…

Тирана секогаш ме асоцира на сонце, расположени…

Пукање во Ѓорче Петров – нападнат 23-годишник

На 10.11.2026 околу 05:30 часот во СВР…

Американските пратеници Кушнер и Виткоф пристигнаа во…

Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф…

Над 136 илјади туристи ја посетиле Македонија…

Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава…