Објавено на:

Трговската размена е само дел од целината: Србија и Албанија со трговски раст за околу една третина

t

Трговската размена помеѓу Србија и Албанија е во раст за околу една третина, има повеќе туристи, слободен проток на работна сила, а се најавува и соработка за справување со кризата со суровини и храна. Албанската министерка за финансии и трговија, Далина Ибрахимај и нејзината српска колешка Татјана Матиќ за РСЕ зборуваат за придобивките и за очекувањата од оваа иницијатива.

Зголемена трговска размена, повеќе туристи, економско јакнење на граѓаните се само дел од бенефитот што го почувствувале трите земји кои ја чинат иницијативата Отворен Балкан, велат за РСЕ министерките за економски сектори на Албанија и Србија. Оваа иницијатива формирана во 2019 од страна на лидерите на Македонија, Србија и Албанија веќе ги дава првите резултати вели албанската министерка за финансии и трговија Далина Ибрахимај. Договорот не е само на хартија, економскиот развој веќе се гледа и ќе расте уште, вели министерката за РСЕ.

„Ова не е само реторика, ова не е само збор. Во првите четири месеци од годинава сите овие иницијативи се преточени во бројки, се преточени во бенефиции. Го зголемивме обемот на извозот и увозот со земјите од регионот, земјите од Отворениот Балкан преку олеснување на граничните контроли со скратување на времето со што ја олеснивме таа трговска размена што претходно постоеше. Ова дополнително го поттикна развојот на земјите. Од друга страна имавме големо влијание во промовирањето на туризмот. Имавме удвојување на туристи дел од балканските земји отворени кон Албанија, што значи дека има добар поттик за албанската економија и за албанските трговци“, рече Ибрахимај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама ја исклучи можноста за оставка, повика…

Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика…

Осомничен за убиство во Македонија, турски државјанин…

31-годишен турски државјанин, кој бил баран со…

Директорот на Радио-телевизијата на Војводина поднесе оставка

Генералниот директор на Радио-телевизијата на Војводина (РТВ),…

Брнабиќ: Повикам на мир, мнозинството да преземе…

Вршителката на должноста претседател на Република Србија,…

Студентите во Србија најавуваат специјален суд и…

По изборната победа во Србија, студентското движење…