Објавено на:

Третина од Бугарите сакаат земјата да излезе од НАТО!

t

Неодамнешното истражување на јавното мислење во Бугарија покажа дека 30 отсто од испитаниците гласале за напуштање на НАТО алијансата. Истражувањето, кое беше спроведено пред претстојниот самит на НАТО во Вашингтон, покажа дека 59 отсто од Бугарите сакаат нивната земја да остане во НАТО, што е најмал процент на поддршка меѓу земјите-членки на Алијансата, пренесува „Новините“.

Дополнително, 11 отсто од испитаниците биле неопределени по ова прашање. Податоците од ова истражување ги искористи и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во својот годишен извештај, во кој се наведува дека 70 отсто од граѓаните низ земјите на НАТО ќе гласаат за останување во Алијансата, додека само 14 отсто би го напуштиле НАТО.

Истражувањето покажа и дека 61 отсто од Бугарите веруваат дека членството во НАТО ја подобрува безбедноста на нивната земја, додека 29 отсто од Бугарите се загрижени дека членството во НАТО можеби нема да ја обезбеди безбедноста на земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија во Ханиоти: 16-годишно момче од Бугарија…

Голема трагедија го потресе Ханиоти, популарно одморалиште…

Мосад најави дека ќе продолжи со разузнавачки…

Израелската агенција за надворешно разузнавање Мосад ќе…

Руте: НАТО останува на Косово и во…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес…

Иран ја потврди смртта на висок воен…

Израелската војска минатата недела тврдеше дека го…

Запленети над два тона сув цвет од…

Денеска (25.06.2025) од страна на полициски службеници…