Трипуновски: Брисел нема најава за блокада на ИПАРД средствата – напротив, силно сме пофалени од нив
Министерот Трипуновски посочи дека набргу ќе има нов директор на Агенцијата, со цел тековното работење да продолжи со нормална динамика.
Брисел нема најава за блокада на ИПАРД средствата на кои што сме како држава корисници. Напротив, нашата борба против корупцијата која што ја водиме во моментов и дополнителните проверки кои што ги правиме во самата Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, се силно пофалени од страна на Брисел“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
„Она што веднаш по сознанието односно акцијата која што ја спроведе Министерството за внатрешни работи и Обвинителството, преземени се дополнителни активности со цел да се провери работењето на самата Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Ќе се преземат одредени активности во делот на контролните механизми, во делот на исплатата на ИПАРД средствата“, појасни министерот.
Министерот Трипуновски посочи дека набргу ќе има нов директор на Агенцијата, со цел тековното работење да продолжи со нормална динамика.
„Ние како држава сме решени да ја спроведеме борбата против корупцијата“, нагласи тој.
Денеска, поранешниот министер за земјоделие, Љупчо Николовски од СДСМ, на прес конференција тврдеше дека ИПАРД 3 програмата е суспендирана и дека исплатите кон земјоделците се во целосен прекин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сали за Инфомакс: Не бараме изговори ниту…
Министерот за европски прашања, Беким Сали, за…
Неколку загинати во пожар во зграда во…
Неколку безживотни тела се пронајдени по пожар…
На Македонија ѝ е нанесена неправда –…
Македонското општество низ изминатите години носеше тешки,…
Битка за кеш од 2 трилиони евра…
Лидерите на Европската Унија денеска во Брисел…
Брисел подготвува план за намалување на сметките…
ЕУ предлага пониски даноци за електричната енергија…