Три активни пожари на отворено во моментов во Македонија

t

Од ЦУК јавуваат дека попладнево на територијата на Република Македонија има три активни пожри на отворено.

На 18.08.2022 година, во 15,40 часот ПО Матејче пријави, ПОЖАР, на м.в. Слупчански бунар од десната страна, во правец спрема Општина Липково, каде што гори, стрниште висока сува трева на површина од три до пет декари, на лице место присутни ТППЕ Пожарна од Куманово, и Полициска патрола од ПО Матејче и неколку граѓани од околните села, случајни поминувачи, известени се сите релевантни субјекти, ЦИК Куманово, ДЗС Куманово, РЦУК Куманово и Македонски шуми Шумско стопанство Куманово.

РЦУК – Куманово, известува дека во 15:05 часот започнат е пожар на сува трева во атар на с.Ваксинце. Во гаснењето на пожарот интервенираат 3 пожарникари со 1 ПП возило. Пожарот е при крај и е ставен под контрола. ТППЕ Куманово во моментот интервенираат на пожар во атар на с.Слупчане. Со пожарот е зафатена сува трева и интервенираат 3 пожарникари со 1 ПП возило.

РЦУК – Струмица, известува дека во 15:45 часот започнат е пожар на сува трева во атар на с.Воиславци, општина Радовиш. Во гаснењето на пожарот интервенираат 2 пожарникари со 1 ПП возило. Пожарот според последните информации е ставен под контрола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ