Три пожари се активни утрово, гори букова шума на Кожуф
На ден 22/23.09.2025 година, до 07:00 часот, на територијата на Р.С.Македонија има вкупно 30 пожари на отворен простор, од кои 3 се активни, 4 се под контрола и изгаснати се 23 пожари.
АКТИВНИ: 3
1. Општина Гевгелија: Кожуф планина, кај с.Пeтрово (букова шума);
2. Општина Македонски Брод: над с.Бенче на планината Добра Вода (дабова шума и папрат);
3. Општина Студеничани: помеѓу селата Цветово и Драчевица, м.в.Умoво (шума),
ПОД КОНТРОЛА: 4
1. Општина Гази Баба 1: с.Трубарево (електричен отпад);
2. Општина Гази Баба 2: с.Виниче, м.в.Муратица (нискостеблеста шума);
3. Општина Студеничани: с.Батинци (ниска вегетација и мешана шума);
4. Општина Демир Хисар: Градска депонија (ѓубре),
ИЗГАСНАТИ: 23
1. Општина Чучер Сандево: с.Брест и с.Малино (шума и ниска вегетација);
2. Општина Студеничани: с.Морани (ниска шума и ниска вегетација);
3. Општина Сарај: на пат кон Матка (ниска вегетација и патничко возило);
4. Општина Чаир: кај Скопски Аквадукт (ѓубре);
5. Општина Кисела Вода: ул.Сердарот (ѓубре и ниска вегетација);
6. Општина Шуто Оризари: Визбегово (депонија);
7. Општина Струмица: с.Банско (депонија);
8. Општина Радовиш: помеѓу селата Сулдурци и Воиславци (ниска вегетација);
9. Општина Чашка: с.Папрадиште (нискостеблеста дабова и мешана шума, трупци и лисната маса);
10. Општина Кочани: с.Бели (депонија);
11. Општина Кичево: до Градскиот стадион (дива депонија);
12. Општина Охрид: с.Велгошти (ниска вегетација);
13. Општина Крива Паланка: с.Луке (грмушки и ниска вегетација);
14. Општина Ранковце: с.Љубинци (ниска вегетација);
15. Општина Тетово: Тетово (ѓубре);
16. Општина Гостивар: градот Гостивар (ниска вегетација во нива);
17. Општина Долнени 1: с.Гостиражни – с.Црнилиште (нискостеблеста шума);
18. Општина Долнени 2: с.Лажани (ниска вегетација);
19. Општина Битола 1: с.Кременица (ниска вегетација);
20. Општина Битока 2: с.Црнеец и ХМС,,Стрежево“-брана (стрниште);
21. Општина Крушево: с.Житоше (ниска вегетација и нискостеблеста шума).;
22. Општина Куманово 1: с.Умин Дол (ниска вегетација);
23. Општина Куманово 2: с.Пчиња (ниска вегетација).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…
Чистење двор или спој на разлабавени електрични…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…
Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…
Две мачки предизвикале голем пожар во стан…