Трка до дното… Македонците полека исчезнуваат од Македонија
Државниот завод за статистика соопшти дека природниот прираст на населението во Македонија е намален.
Во четвртото тримесечје од 2022 година изнесува – 616 лица што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Во четвртото тримесечје од 2022 година живородени се 4 427 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 4,7 отсто. Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2022 година бележи намалување од 26,8 отсто во споредба со истото тримесечје од 2021 година, односно 5 043 лицa, од кои девет се умрени доенчиња.
Во ова тримесечје од годината се склучени 2 762 бракови и нивниот број е намален за два отсто во споредба со истиот период од 2021 година.
За четвртото тримесечје од 2022 година се добиени 339 извештаи за разведени бракови, што претставува намалување од 39,1 отсто во споредба со истото тримесечје од 2021 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ким Џонг-ун доби овластување да командува со…
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун доби дополнителни уставни…
(Детали) Ја нокаутирал, па ја влечел со…
Мајката на момчето кое што е осомничено…
Поранешен косовски министер уапсен во акција против…
Косовската полиција уапсила шест лица во Приштина…
Маск застана зад сменетиот шеф на „Енвидија“:…
Илон Маск се приклучи на сè погласните…
Невини биле: Бугарската ДАНС негира дека ја…
Агенцијата го оспорува потеклото на снимките и…