Тројца лекари во Полска осудени на затворски казни поради смрт на бремена жена – одбиле да извршат абортус што можел да ѝ го спаси животот
Тројца лекари од Полска се осудени на затворски и условни казни поради смртта на трудница која починала како резултат накомпликации при бременост, откако медицинскиот тим одбил да изврши абортус што можел да ѝ го спаси животот.
Случајот, кој датира од 2021 година, се случил во градот Пшчина, недолго откако Полска ги заостри законите за абортус, кои се меѓу најрестриктивните во Европа.
Пресудата предизвика големо внимание во јавноста и повторно ја разгоре дебатата за правата на жените и пристапот до безбеден абортус. Весникот „Газета Виборча“ ја нарече оваа пресуда „пресвртница во историјата на борбата на полските жени за своите права“. Активистите од движењето „Женски штрајк“ изјавија дека, според нивното знаење, ова е првпат некој во Полска да биде казнет за ваков случај.
Според обвинителите, лекарите одбиле навремено да интервенираат, иако било јасно дека плодот нема шанси за преживување, со што ја довеле жената во животозагрозувачка состојба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лукашенко се закани: Ако Полска сака да…
Полска и балтичките земји се претвораат во…
Лавров: Полска покажува подготвеност за конфронтација
Москва ја гледа јасната подготвеност на Полска…
Новоизбраниот полски претседател: Русија е посткомунистичка држава…
Новоизбраниот претседател на Полска, Карол Навроцки, изјави…
Мицкоски: Се рангираме во петте најбрзо растечки…
Во првиот квартал на 2025 година, реалниот…
Полскиот премиер одби техничка влада – ќе…
Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека…