Тројца повредени во тежок судир кај Тетово, еден од автомобилите го возела малолетна девојка
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера вечер на автопатот Тетово-Гостивар, а според полицијата, повредени се тројца, меѓу кои и малолетна девојка која возела еден од автомобилите кои учествувале во несреќата.
„Вечерва 01.11.2024 година во 20.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Тетово-Гостивар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици, управувано од налолетничка од тетовска Голема Речица и патничко возило „Дачиа“ со турски национални ознаки, управувано од М.Б.(53) од Гостивар. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Б. додека малолетничката возач и сопатничката во мерцедесот, исто така малолетничка од тетовското село Требош, се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа при СВР Тетово“, велат од полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен e возачот по трагедијата во која…
Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…
Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…
(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…
Возачот кој утрово со својот автомобил слета…
Пронајден е возачот што удри две лица…
Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…
Тројцата загинати работници веројатно се од Непал…
Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на…