Трчи лажи: За жал немаме 61 пратеник за да го распуштиме парламентот

t

Мојата порака за оваа година е да бидеме единствени, да се обединиме и да го победиме злото, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Македонската телевизија.

Мицкоски потенцираше дека иако 2022та година не успеале да издејствуваат предвремени парламентарни избори, во оваа година ќе сторат се што е во нивна моќ да се одржат предвремени избори, и наместо да има влада и премиер избрани од неколкумина, да се избере нова влада и премиер од народот.

Можеби една работа недостасуваше, а тоа е да успееме некако да дојдеме до предвремени парламентарни избори. Но, за жал немаме свесни 61 глас во рамки на парламентот кои што ќе го остават својот личен и партиски интерес на страна, и ќе го гледаат државниот интерес на народот во Македонија, без разлика тука дали се Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби или други, треба да го гледаат интересот на народот и државата. За жал минатата година 61 не успеавме да најдеме, се надеваме дека оваа година ќе дојдеме до 61 кои ќе го распуштат парламентот и наместо избран од неколкумина премиер, ќе имаат Влада и премиер кои ќе бидат избрани од народот и ќе имаат премиер и влада кои што ќе бидат народни и ќе сториме се што е во наша моќ тоа да го направиме, дециден е тој.

Да се потсетиме на изјавата на Мицкоски пред само неколку дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Имам голем проблем да барам од вас…

Вие пратениците нè претставувате нас, ги претставувате…

„Анима Мунди“ бара хумано згрижување на кравите…

Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“…

Хорор во Србија: Десет деца повредени на…

Десет деца на возраст од осум и…

Конечно ќе се заврши зградата на ФИНКИ:…

Наскоро ќе биде објавен тендер за изведувач…

Теута Арифи по рочиштето: „Невина сум, не…

Пред тетовскиот суд денеска започна судскиот процес…