Објавено на:

Тулси Габард: Европа сака продолжување на војната во Украина

t

Директорката на националното разузнавање, Тулси Габард, мисли дека постои отстапување меѓу вредностите на претседателот Доналд Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс и оние на многу европски земји кои се во одбрана на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Габард, која неодамна ја презеде врвната функција во американската разузнавачка заедница, во јавниот настап по петочното фијаско во Белата куќа тврди дека оние кои ги критикуваат напорите на Трамп „не се посветени на мирот“.

„Она на што треба да обрнеме внимание овде во Соединетите Американски Држави е американскиот народ, толку многу луѓе ширум земјата, кои го слават силното лидерство што го демонстрираа претседателот Трамп и потпретседателот Венс во Овалната соба, нешто што не сме го виделе во последните четири години од администрацијата на Бајден“, рече Габард за „Фокс њуз“.

Таа, во гостувањето на телевизијата која е исклучително блиска до оваа администрација, ги наведе Германија и Обединетото Кралство како примери за тоа дека европските земји се повеќе заинтересирани да му помогнат на Зеленски да ја продолжи војната, отколку да ја прекине.

Јавната расправа меѓу Трамп и Венс од една и Зеленски од друга страна, како и изјавите на високи претставници на американската администрација што следеа, предизвикаа негативни реации во Европа, но затоа пак ја израдуваа Москва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неочекуван пресврт во Вашингтон: Трамп најави дека…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите…

Мицкоски: За време на владата на Филипче…

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во ТВ…

Нова опасност за светската економија: Иран се…

Глобалната енергетска криза би можела дополнително да…

Тајни енергетски преговори меѓу САД и Русија:…

Додека војната во Украина продолжува, зад дипломатската…

Нова штета на преминот вреден стотици илјади…

Пешачкиот премин „Влајко“ во скопската населба Влае…